
Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) отвора повик за волонтери во поплавените подрачја во Скопје. За таа цел ги повикува сите млади лица, младински организации и организации за млади да се вклучат во акцијата и воедно да го обележат 12 август, Меѓународниот ден на младите преку хуманитарна акција.
-Од Дирекцијата за заштита и спасување имаме информација дека се потребни волонтери за грижа на цивилното население, расчистување на ѓубрето и сметот и дистрибутери за храна, вода, лекови, сретства за хигиена, наведува Советот.
Аплицирањето е со пополнување електронска пријава наhttps://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScbe-bYpv6Z6asxwc0jyGT96vpH7uEHpJWIhqDlraF5nx3E6w/viewform?c=0&w=1.
Базата на волонтери што ќе биде креирана од НМСМ ќе биде ставена на располагање на сите неформални групи, национални и меѓународни институции и организации кои формално или неформално организираат хуманитарни акции во поплавените подрачја, како и Дирекцијата за заштита и спасување која во посредство на Националниот младински совет на Македонија ќе координира исто така дел од волонтерите.
Националниот младински совет на Македонија е во можност да ги снабди волонтерите со ракавици и заштитни маски. Апелира волонтерите задолжително да се снабдат со гумени чизми и повикува, доколку некој има вишок опрема или дополнителна опрема (метли, џогери, лопати, алат), да ги достави во просториите на НМСМ на ул. Костурски Херои бр.51/2 или да се јави на 078 350 531 за дополнителна координација.