
Војската оттука се координира со полицијата и за регулирање на сообраќајот. Воената полиција е на терен и се регулира сообраќајот кај влезот во Стајковци се со цел на градежната механизација да и се овозможи полесен влез и излез од поплавените подрачја.
Јаневски информира дека во Смилковци војската му помага на населението, се расчистуваат дворовите и подрумите, а се дели и вода и храна.
Во Стајковци се чисти калта, војниците работат со водните пумпи онаму каде е потребно и се доставуваат оброци и вода за населението.
Јавните претпријатија и голем број доброволци се на терен, сите институции меѓусебно се координираат и работат на терен.