
Еден од најголемите пожари се случил во градот Фуншал на островот Мадеира, при што загинале три лица, а приближно 300 се повредени. Илјадници луѓе се евакуирани.
Порталот „Ворлд нау“ пак, пренесува дека четвртата жртва е шумар, кого го зафатиле пожарите лоцирани 150 километри северно од Лисабон.
Над 4.500 пожарникари учествуваат во гаснењето на пожарите на разни места во Португалија. Властите побараа помош и од Европската Унија.