Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска соопшти дека доставило барање до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за доставување на предметот против лицето З. Б., кој неодамна беше екстрадиран од Република Србија во Република Македонија.
– Имено, се работи за предмет против обвинетиот З. Б. кој е дел од случајот „Шпион“ за кој веќе имаме воспоставено надлежност, стои во соопштението од СЈО.