
-Од почетокот на ангажирањето на АРМ на реоните на Скопје погодени од поплавата рамноправно со своите колеги припадничките на АРМ ги извршуваат сите доделени задачи онаму каде е најпотребно. Вклучени се во расчистување на наносите од куќите и дворовите, регулирање на сообраќајот, испумпување на вода, дезинфекција на просторот и на сите останати активности каде се ангажирани припадниците на АРМ, информираат од ГШ на АРМ.