
Покрај координацијата за реонот за кој е задолжен, Трајановски денеска активно се приклучи да им помогне на жителите од населеното место Економија во расчистување на дворовите и домовите кои беа погодени од силното невреме кое се случи во саботата попладне.
Тој рамо до рамо со граѓаните, ги чистеше домовите и дворовите во населеното место Економија.