
Во напад на бомбаш-самоубиец врз автобус во близина на границата со Турција, загинаа најмалку 15 лица, а 25 се повредени, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Како што се наведува во соопштението на Центарот, автобусот превезувал борци за граѓанската војна во Сирија.
Телевизијата „Си-Ен-Ен Турк“, повикувајќи се на локалните извори, објави дека експлозијата се случила на влезот на бегалскиот камп „Атмех“ во Сирија, во близина на турско-сирискиот граничен премин.