
Тој наведе дека за изборот на жена за генерален секретар на ОН ќе решава 15-члениот Совет за безбедност.
Досега за наследник на Бан кандидирани се шест мажи и пет жени.
– Има многу жени лидери во националните влади и други организации или во бизнисот, политиката, културата и други сфери. Нема причина да не биде така и во ОН, посочи Бан.
Нема краен рок за номинирање на кандидати за генерален секретар на ОН и се споменуваат имињата на уште две жени – германската канцеларка Ангела Меркел и еврокомесарката за буџет Кристалина Георгиева.