Пожарот на Крит е ставен под контрола

Пожарот во реонот на градот Ханија, на островот Крит, е делумно ставен под контрола,додека другите пожари низ Грција и посебно кај Драма, на Лезбос, Миконос, Кеа и Анависос се целосно изгаснати, информираа денеска локалните медиуми.

Грчките власти предупредуваат на зголемен ризик од пожари. Само вчера противповажарните бригади добиле повици за 29 пожари низ земјата.