
На подрачјето на Скопје во текот на вчерашниот ден се случиле 12 сообраќајни несреќи. Од нив четири се со последица материјална штета, три со тешки телесни повреди, а пет се со полесни повреди.
Како што информираат од МВР, во текот на изминатиот дeн од страна на сообраќајната полиција, откриени се и повеќе прекршоци. Еден возач управувал со нерегистрирано возило додека тројца управувале патнички моторни возила без возачка дозвола.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети биле четири возилa.