
Во текот на вчерашниот ден во 15 часот во СВР Тетово, од Хируршкото одделение при Клиничка болница Тетово, било пријавено дека кај нив лекарска помош побарале лицата Т.Л. (35) од Тетово и Б.Е. (31) од селото Непроштено-Општина Теарце, со телесни повреди во пределот на главата и телото, нанесени од метален предмет.
Имено, истиот ден околу 14 часот и 45 минути во оградениот простор на Женски пазар во Тетово лоциран на крстосницата од улицата „М.Бафтијари“ и „К.Р.Дрнц“, настанала расправија, која прераснала во тепачка околу купопродажба на текстилна роба помеѓу лицата Б.Е. и неговиот брат А.Е. (21) од Непроштено, од една страна и од друга страна Т.Л. и неговиот татко Б.Л. (57), во која лицата си размениле удари со тупаници, а воедно биле употребени и метални шипки.