
За тоа од каде ќе бидат земени првите анализи, колку време ќе се проверуваат земените примероци како и кои земјоделски култури се погодени поразговаравме со професорката на факултетот за земјоделски науки Татјана Миткова.
Таа вели дека одделни делови на теренот се со различни штети.
-Ситуацијата е најтешка во Стајковци, каде што наносот е повеќе од 50 см, а тој нанос според нашата проценка е измешан и со фекалии. Поради ова очекуваме и појава на патогени микроорганизми, вели за ТВ Нова Миткова.