
Според прогнозата на синоптичарите ваквите процеси се очекува поизразени да бидат во северните и западните делови на земјата, така што во овие делови е можно активирање на суводолиците и на некои помали водотеци.
-Ова особено се однесува на поројните водотеци во Кумановскиот регион, водотеците од Шар Планина, Полошкиот регион и сливот на р.Лепенец и р.Пчиња. Исто така, доколку локално за кратко време наврнат поголеми количини на дожд можно е на удар да бидат и градските урбани средини (Скопје, Куманово, Тетово) каде поради асфалтот и бетонот нема можност за инфилтрирање на водата, информираат од Управата.
Ако се остварат прогнозите за количеството на врнежи (се предвидуваат над 30 l/m2) се очекува зголемување на водостоите и на поголемите реки во посочените региони. Можна е и појава на одрони и свлечишта и се препорачува внимателно движење покрај водотеците, суводолиците и подвозниците.