
Како што информираат од Црвениот крст, поради постоење натамошен интерес за донирање во парични средства, како и за реализација на веќе најавени и потврдени донации од правни субјекти, акцијата ќе се продолжи за седум дена и ќе трае заклучно со 29 овој месец. По завршување на акцијата средствата ќе бидат префрлени линеарно на сметките на граѓаните погодени од поплавите.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани и натаму можат да се вклучат со обезбедување парична помош:
– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400
До сега се собрани 32.372.244 денари на сметката на Фондот на солидарност, додека на сметката од телефонските повици собрани се 13.186.000 денари.
Од Црвениот крст апелирааат во активностите за донирање хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефективно справување со последиците од природната катастрофа. Од утре помошта во материјални добра може да се предаде во магацините на Црвен крст на РМ во Момин Поток – Скопје од 8 до 18 часот.