
Исплатениот износ за овие семејства е во висина од 5 милиони денари.
Спасов појасни дека станува збор за 650 семејства од поплавените подрачја кои се корисници на право од социјална и детска заштита, а за кои согласно пакетот владини мерки, предвидено беше зголемување на паричните надоместоци кои ги земаат за 50 проценти во следните три месеци.
Овие семејства се корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, корисници на надоместок за помош на нега на трето лице, додаток за мобилност, додаток за слепило и глувост, како и на посебен додаток.