
Во црквата „Св.Богородица“ во битолското село Трново, завчера во текот на ножта непознат сторител извршил тешка кражба.
Сторителот, соопшти денеска МВР, со подесен алат и физичка сила делувал на влезната врата, влегол во црквата и одзел околу 5.000 денари.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.