
Солберг во друштво на своите телохранители, вишите норвешки официјални претставници и ТВ екипи, искористи дел од слободното време меѓу состаноците шетајќи по Братислава, постојано гледајќи во мобилниот телефон.
За ТВ 2 премиерката изјавила дека се обидела „да дојде до најретките Покемони“ поради што некои играчи на таа игра минуваат и по 10 километри.
Солберг, која претходно била позната како фан на играта „Кенди краш“, минатата недела изјавика дека е фасцинирана од Покемоните, само ден откако во две интервјуа негирала дека ја игра играта.
– Мојата помлада сестра ме предизвика да играм откако најде еден Покемон на мојот балкон – изјави премиерката за дневниот весник Афтенпостен – пренесе Танјуг.