
Променливо облачно со сончеви периоди, во јужните и источните делови ќе има услови за повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието и во Пелагонија повремено засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени.
УВ индексот ќе достигне вредност од 6.
И утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во јужните и западните делови ќе има локален дожд и појава на грмежи. Од петок ќе преовладува стабилно време со постепен пораст на дневната температура.