ФК Вардар – повеќе од шампион

Да се биде фудбалски шампион не е само да се освои трофеј. Шампионот посветува внимание на организација, едукација, води сметка за целиот свој тим, зад него стојат луѓе кои силно веруваат во успехот на клубот.

Целта е секој фан, посетител на натпревар, родител или дете кое искрено посакува да заигра во дресот на Вардар да се запознае со просторот и да истрча на терен. Да се запознае со тренерите и да го дознае процесот на обука.

Тоа се случи вчера на ОТВОРЕНИОТ ДЕН во Фудбалската Академија на Вардар. Прекрасен ден, просторот исполнет со посетители, а нашите сегашни млади Вардарци беа горди што можат секому да покажат што значи да бидеш подмладок на Вардар.

Ви пренесуваме дел од атмосферата.

1fk vardar2fk vardar4fkvardar