Хороскоп за време на владеењето на Девица: Што ве очекува до 23-ти септември?

Стрелец

Работа – Ве иритира нечие премногу формално однесување во бизнис преговорите. Имате претчувство дека новите настани најавуваат важни промени во бизнис сцената. За таквиот впечаток најзаслужен е Марс кој му се придружи на Сатурн, а двете планети имаат карактеристика да поттикнуваат настани што воведуваат некој вид ред во хаотичното окружување. Во текот на овој период важно е јасно да ги дефинирате вашите бизнис интереси и да одговорите на добрата понуда. Сето тоа е врзано и за симболиката на Јупитер, владетелот на вашиот знак, кој во моментов е на крајот на знакот Девица и се подготвува да влезе во Вага на 9-ти септември. Покрај добрата волја неопходно ви е доста знаење или мудрост, но и трпение за да ги оставрите вашите професионални цели. Прашањето за бизнис организацијата и довербата во одредени соработници бара добро да размислите, пред да се одлучите за конкретни одговори или за дефиниција на приоритетите. Немојте да дозволите да  ве вознемируваат некои споредни случувања, важно е да бидете во чекор со новите случувања. Бидете подготвени на различни видови промени или на можност за усовршување.

Љубов – Симболиката на ретроградноста на владетелот на вашето седмо поле, Меркур се огледа во појавувањето на некои стари љубови или стари проблеми врзани за вашиот емотивен живот. Некоја претходна погрешна одлука остава трага или последици на заедничкиот живот. Партнерот внимателно го анализира вашето однесување и очекува добар импулс за заедничките планови и цели. Љубовта има моќ да ги победи сите проблеми, под услов дека сте доволно искрен и да верувате во длабочината на вашите емоции. Ако сте млади или слободни ви претстои некоја нова љубовна романса. Ве привлекуваат нови емотивни контакти, но може да има големи разлики меѓу она што личноста го покажува и она што таа е навистина. Затоа дајте си себе си можност да изберете но и слобода да ја отфрлите доколку увидите дека сте погрешиле во процената. Подобро е навреме да ја прекинете врската што не  ве исполнува туку да се измачувате и себе си и партнерот.

Здравје – Проблемите со кашлицата и со грлото ќе поттикнат некој вирус што подолго време   ве измачува. Не занемарувајте го здравјето, побарајте помош од лекар ако е потребно. Искористете го летото, јадете повеќе овошје и зеленчук.

Јарец

Работа – Имате волја и желба да го подобрите вашиот бизнис статус, а вашиот владетел Сатурн во вашето 12-то поле што укажува на чести малерозни ситуации и неможност за целосна контрола на случувањата за кои што сте сигурни дека се во ваша корист. Затоа освен добрата волја, ќе ви биде потребно и многу трпение, знаење и мудрост за во целост да  ги оставрите вашите професионални цели. Ве очекуваат голем број предизвици на бизнис план, особено од 9-ти септември кога Јупитер влегува во вашето поле на кариерата. Потребно ви е да воспоставите подобра селекција на најблискиот круг на соработници и нови вредносни критериуми при изборот на бизнис цели. Неопходно е да бидете внимателни со парите, без разлика дали се работи за најистна позајмица или за сериозна инвестиција. Можни се и сериозни загуби, посебно  ви поголемите бизнис подвизи, како и намалување на приходите доколку не поведете сметка за секоја ситница. Актуелните случувања на работно-финансиското поле отвораат можност за нови облици на соработка или за некое понатамошно усовршување.

Љубов – Љубов или кариера, прашањето е сега! Венера и Јупитер влегуваат во вашето поле на кариерата и ви носат дилема. Вие би ги сакале и двете, но, не е реално дека сето тоа ќе можете да го вклопите. Понекогаш додека сте обземени со убави емоции што ви даваат крилја, имате впечаток дека се е можно или лесно. Чувствувате засилена страст и желба да остварите хармоничен однос. Со вашата појава и стилот на изразување знаете да ја шармирате околината, а  ви годи нечија емотивна наклонетост и внимание. На личноста што ви се допаѓа јасно и’ давате до знаење дека посакувате необична и возбудлива љубовна романса или страсна врска. Младите и слободни припадници на знакот ги очекуваат разни, но мошне важни случувања во однос на емоциите, врските и воопшто во односите. Одделни припадници на знакот, чијшто натален хороскоп укажува на тоа, го менуваат статусот и влегуваат во врски што имаат шанси да прераснат во брак.

Здравје– Здравјето ви е нестабилно затоа што веќе подолго време вашиот владетел престојува во 12-тото поле. Ако имате хронични тегоби, обидете се да ги ублажите со алтернативни методи на лекување. Чувајте се од повреди на зглобовите на долните екстремитети, посебно на колената…

Водолија

Работа – Вие би сакале преку ноќ да станете главни и незаменливи, но работната динамика наметнува и нови проблеми во односот со соработниците. Владетелот на знакот Сатурн, конечно по 9-ти септември ќе направи поволни аспекти со Јупитер, што инаку влегува во вашиот тригонски знак на Вага и ги прави сите шанси поизвесни, а плановите поблиски до реализација. Стратегијата што ја спроведувате на крај и покрај ретроградниот Меркур ви носи позитивни резултати, особено во финансиска смисла или во правец на лично усовршување. Ви преостанува да ја унапредите вашата позиција и популарност во работното окружување. Нема потре ба  да го заострувате односот со одредени соработници или да влегувате во ривалски односи. Напротив, периодот е поволен за воспоставување на посилни партнерски односи и за взаемна поддршка. Прашањето за работната организација и довербата во одредени соработници, бара  добро да размислите за различните интереси што ве поврзуваат во заедничката работа. Немојте да  дозволите да ве вознемируваат некои споредни случувања, а вашето внимание насочете го кон приоритетните цели. Од 9-ти септември ве очекуваат позитивни промени и нови перспективни контакти со странство.

Љубов – Се обидувате да ги усогласите вашите мисли и емоции. Сакате да воспоставите внатрешна рамнотежа но влегувањето на Венера во знакот Вага, а  кај вас деветто поле  ги одвлекува вашите мисли некаде во далечина до некоја личност што ја посакувате но времето и просторот ве раздвојуваат. Често размислувате за вашите постапки и нечии коментари, внимателно анализирајте го однесувањето на партнерот за да ја усогласите заедничката слика. Потребно е да ја надминете емотивната криза или недоразбирањето во односот со саканата личност. Умереноста е голема доблест, па затоа секоја одлука треба добро да ја преиспитате. Во љубовната перспектива доброто со добро се враќа. Ако сте млади или слободни, новите контакти и љубовните авантури ќе бидат адекватна замена за неисполнетите желби. Посебно ако тоа се случува на некое подолго патување или со некоја целосно нова личност.

Здравје – Можни се проблеми со исхраната како и тен денција кон зголемување на телесната тежина. Стелиумот во осмото поле укажува на потребата од чистење на организмот од натрупаните отрови. Внимавајте на исхраната.

Риби

Работа – Каква конфузија на бизнис план! Се се одвива прилично хаотично. Ретроградното движење на Меркур во знакот Девица каде моментално се наоѓа вашиот владетел Јупитер ќе го поремети крајот на започнатите проекти. Само неколку дена подоцна, преминувањето на Јупитер во знакот Вага ќе навести голем број разни случувања, најчесто контрадикторни. Доколку правилно сте ја сфатиле вашата улога и основните правила во бизнис соработката бидете коректни и придржувајте се до веќе зацртаните иили некои воспоставени професионални норми. Важно е правилно да се информирате и да се подготвите на различните варијанти на професионален настап. Ако сакате да одложите некои обврски нема потреба да оставате погрешен впечаток, бидете јасни и прецизни со роковите што ги поместувате со разумно објаснување. Покрај личните интереси што посакувате да ги остварите, неминовно е да ги оправдате и да не ги загрозите и туѓите бизнис цели. Вашата способност за добро запазување, како и вештината за брзо прилагодување на новите услови ќе бидат добро наградени.

Љубов – Премногу сте чувствителни, а во љубовта почесто го слушате срцето отколку разумот. Младата Месечина во полето на партнерставата укажува на можноста за големи промени по 1-ви септември. Трагате за различни поттикнувања што ве исполнуваат со позитивна енергија и со самодоверба. Се обидувате да изгледате промислено, а ви се чини дека за вашата психолошка и емоционална сигурност е најважно секоја ситуација да биде добро испланирана до најситниот детал. Меѓутоа во емотивниот или старсен занос ќе го направите она што ви го гов ори срцето, а не главата. Избегнувајте конфликти со партнерот. Ако сте млади или слободни прифатете ги разните понуди, но зочувајте ја и вистинската мера на вкусот. Испочитувајте ги туѓите потреби или емоции во онаа мера што ви носи заедничко задоволоство или уживање.

Здравје – Водете сметка за  долниот дел од ’ рбетот, но и за бубрезите и уринарниот тракт. Припадничките на понежниот пол би требало дополнително да обрнат внимание и на гениталиите.