
Илјадници жители на Берлин беа евакуирани денеска поради неексплодирана бомба од Втората светска војна, пренесе ТАСС.
Евакуацијата на луѓето во радиус од еден километар од местото на кое е пронајдено бомбата, започна во 16,15 часот, по локално време.
Бомбата е советска, била фрлена од авион и е пронајдена во градското подрачје Пренцлауер-Берг. Бомбата ќе биде деактивирана од специјализирани тимови на самото место.