
Во денешниот напад врз полициски контролен пункт во градот Џизре, во југоисточна Турција, најмалку 11 лица загинаа, а 78 се ранети, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на турската телевизија НТВ.
НТВ не цитира извор за својата информација за бројот на жртвите.
Според државната агенција Анадолија, нападот е извршен од Курдската работничка партија (ПКК), која веќе три децении се бори за курдска автономија и изведува речиси секојдневни напади врз силите за безбедност по прекршувањето на примирјето во јули минатата година.