
Пожарот бил забележан од чуварската служба по што тие се обиделе заедно со другите вработени да го изгаснат пожарот но тој брзо се проширил врез останатите бали луцерка зафаќајќи ја и покривната конструкција од објектот.
Многу скоро по добиената информација за пожарот тетовската противпожарна единица интервенирала со пет возила и го ставила пожарот под контрола.
Интервенирала и градежна механизација со цел да се растурат запалените бали како и да се урне оној дел од покривната конструкција што останал неупотреблив по огнот.
По целосното гасење на огнот ќе биде извршен и комплетен увид од стручни екипи за утврдување на причините кои довеле до избувнувањето на пожарот како и утврдување на вкупната материјална штета најавија од полицијата. Од училиштето посочија дека го имаат осигурено имотот и оти на самото место имало и претставник на осигурителната компанија.