
Најмалку 16 лица загинаа во голем пожар во еден магацин во Москва, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации.
„За време на гаснењето на пожарот, пожарникарите откриле дека една просторија била целосно отсечена поради огнот. Тие го пробиле ѕидот и внатре ги откриле телата на 16 луѓе“, се наведува во соопштението од Министерството.
Градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин на Твитер напиша дека московските власти ќе ги истражат причините за пожарот.