
Премиерот Емил Димитриев придружуван од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска присуствуваа на свеченоста по повод одбележување на почетокот со работа на рудникот за олово и цинк „Злетово“ во Пробиштип (Плато за истовар на руда).
Посетата ја искористија и за неформален разговор и ручек со рударите од овој рудник.
Инаку, производството во рудникот ќе го обнови новиот концесионер, бугарската компанија „Минстрој“, која согласно договорот со македонската Влада треба да го рестартира и рудникот „Тораница“ – Крива Паланка.