
Нема крај на лапсусите на Зоран Заев. Според неговата вчерашна изјава, на 31-ви декември ќе се договорат изборите за 11-ти декември.
Иако на сите им е познато дека согласно новиот анекс договор на Пржино, лидерите треба да се сретнат кон крајот на август и да потврдат дека има услови за избори, како и да се договори датумот на изборите, што би требало да се оддржат некаде во декември, Заев вчера излезе со став дека на Нова година ќе договара за избори на 11 декември.
И овој пат, се очекува Заев да се демантира или тоа ќе го стори партијата место него. Но како и да е продолжува традицијата на бројни лапсуси на лидерот на СДСМ.