
Од вирусот Западен Нил во Србија досега се замолени 14 пациенти и нивната дијагноза лабораториски е потврдена, три лица се водат како „веројатно заболени“, а еден пациент почина.
Вирусот Западен Нил е вирусно заболување кое го пренесуваат комарците и повеќето заразени немаат никакви симптоми или знаци на болест, потсетува Танјуг.
Кај мал процент заразени лица, се јавуваат симптоми слични на грип, со нагло зголемување на телесната температура, главоболка и болки во грлото. Кај одредени лица може да дојде до настанување на асептичен менингитис и енцифалитис.
Заводот за биоциди потврди дека заразени комарци има во Белград, Нови Сад, Панчево, Шабац, Смедерево и Пожаревац.
Грозницата на западен Нил првпат во Србија е регистрирана во 2012 година.