
Во Митилена на Лезбос денеска пристигнале 90 нови бегалци, со што вкупниот број на мигранти на островот достигна пет илјади лица.
Бројот на мигранти и бегалци е поголем за 15 проценти од вкупниот број на жители на Митилена.
Инаку на Лезбос денеска пристигале вкупно 175 нови бегалци и мигранти, на Лимнос 88, додека на Самос не е регистриран ниту еден.