
Во престрелка во Копенхаген повредени се двајца полицајци и еден цивил, информира денеска данската полиција, која подоцна и го уапсила напаѓачот.
Инцидентот се случил во Кристијанија, делот од Копенхаген, каде жителите прогласиле христијанско автономно подрачје, пренесе сајтот „Раша тудеј“.
Полицијата соопшти дека едниот полицаец е ранет во главата од огнено оружје,а вториот во нога, додека цивилот се здобил со прострелна рана во надколеницата.
Врз полицајците било пукано додека ги извршувале своите рутински задачи во Кристијанија, наведе полицијата.