
-50 години диктатура на еднопартиски систем со голи отоци, со убиени струмички студенти, со убиени и егзекутирани луѓе на Кале. Тоа е историската фактура на СДСМ. Историската фактура на СДСМ е во 70 години постоење, да се победи само еднаш на избори на 15 септември 2002 година . СДСМ победи на 15 септември после рамковен договор и широка коалиција, тоа е трајната историска фактура на СДСМ, порача Ѓорчев.
Трајната фактура на СДСМ се по неколку фабрики затворени во секој македонски град, додаде тој.
-Историскиот аманет на ВМРО е 50 отворени фабрики. Покажете ми една фабрика во еден град што ја отвори СДСМ, нема ниту една, додаде Ѓорчев.