
Царинската управа на Република Македонија минатиот месец до надлежните јавни обвинителства поднесе шест кривични пријави против осум физички и четири правни лица.
Како што соопшти Царинската управа, кривичните пријави се поднесени поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „криумчарење“, „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „даночно затајување“.