Фудбал У-21: Македонија ја пречекува Северна Ирска

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година вечер на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје е домаќин на Северна Ирска во натпревар од 9.коло во третата група од квалификациите за Европското првенство 2017.

Македонија на овој дуел влегува како фаворит, бидејќи со 15 бодови се наоѓа на делба на првите две места со Исланд, додека Северна Ирска е последна во групата со 1 бод.

Почетокот на мечот кој е со хуманитарен карактер е во 18 часот и 45 минути. Приходот од влезниците ќе биде наменет за помош за настраданите од поплавите кои минатиот месец го зафатија скопскиот регион

Во истиот термин (18:45) ќе се игра дербито на колото Франција – Исланд, додека Украина и Шкотска својот натпревар ќе го почнат во 17 часот и 30 минути.

Табела: Исланд 15 бодови (7 натпревари), Македонија 15 (8), Франција 14 (8), Шкотска 8 (7), Украина 7 (7) и Северна Ирска 1 (7).