Македонски турист загина во сообраќајка во Турција (ВИДЕО)

Македонец на возраст од 40 години загина, а 38 лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска, половина час по полноќ во близина на турскиот град Едрене, објавуваат турските медиуми.

Петмина од туристите се потешко повредени и заедно со другите повредени се пренесени во околните болници.

Несреќата се случила кога автобус со скопски регистерски таблици управуван од педесетгодишен возач се судрил со камион натоварен со јаглен со турски регистерски таблици.

Камионот го влечел автобусот стотина метри, пишуваат турските медиуми кои објавија и имиња на загинатиот и возачот на автобусот.

Автобусот се враќал за Македонија по туристичка тура во Истанбул. Од Министерстото за надворешни работи се известени за инцидентот и најавија соопштение за јавноста.