
Тоа е недозволиво за некој што претендира да раководи со институциите на системот, вклучувајќи го и ова министерство. Притоа, потсетуваме дека имал искуство со неговото менаџирање, односно со менаџирањето на истите вработени кои сега ги критикува, но без никаков ефект и траен позитивен белег.
Министерството за образование и наука имплементира и ќе продолжи да имплементира конкретна стратегија за континуирано унапредување и создавање на современ и конкурентен образовен систем, во пошироки размери. Тоа е наша обврска кон сите сегашни и идни генерации ученици, студенти, наставници, професори и научници.
Апелираме до СДСМ наместо неосновано да критикуваат и навредуваат, да бидат креативни, посветени и да се вклучат во остварувањето на целта.