Судијата не досуди чист пенал на мечот Албанија и Македонија (ВИДЕО)

Спорен момент се случи во 92-рата. минута од мечот меѓу Албанија и Македонија во Скадар.

По ударот на Бесарт Ибраими, албанскиот голман Бериша одби, топката дојде до дефанзивецот Шиков кој беше турнат на само неколку метри од мрежата, но турскиот судија Гочек не виде чист пенал.