
Македонскиот извоз во Германија значи работни места во Македонија, а оваа земја ние е прв трговски на нашата држава, вели за ТВ Нова пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.
-Имаме зголемување на извозот за шест пати, тоа не е мала работа. Тоа се нови вработувања, нема регион во Македонија во кој нема германска фабрика. Тоа се фабрики кои и понатаму ќе имаат потреби од вработувања. Работиме во насока на привлекување на што поголем број на германски инвестиции, но важно е да се излезе од оваа политичка криза, вели Ѓорче.
Во однос на посетата на делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Берлин, тој вели дека станува збор за редовна меѓународна активност на партијата која со децении има континуирана соработка со Германија.
-Ние имаме постојана соработка со германските политичари, економисти и фондациите. Тие имаат отворена врата за Македонија. Упативме една порака за добра соработка. Германија е една од земјите кои постојано се залагаат за проширување на НАТО и ЕУ, во тој дел поддршката за Македонија е контиунирана, вели Ѓорчев.