
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Градската општа болница “8 Септември”, каде е набавена и ставена во функција нова медицинска опрема во вредност од 18 милиони денари.
Станува збор за нови најсовремени 12-канални ЕКГ апарати, нови ЕХО апарати, дефибрилатори и слично.
Во оваа установа успешно функционира и континуирано се развива дејноста интервентна кардиологија, и досега се извршени околу 730 интервенции од кои над 200 стентирања.
Во оваа болница во континуитет се набавува нова опрема и се зголемува бројот на пациенти кои се третираат.