
Во Скопје, слично време, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Температурата ќе се движи од 16 до 27 степени.
Од вторник ќе настапи стабилизирање на времето по што следува период на стабилно и суво време со постепен благ пораст на дневната температура.