
Според него, лозарството, заедно со производството на вино, придонесува со околу 17 до 20 отсто во земјоделскиот БДП. На работилницата, во чиј фокус беа унгарската техничка поддршка, трансферот на знаења и искуствата во делот на регистрите за вино и мрежата за сметководствени податоци од земјоделските стопанства, присуствуваше и амбасадорот на унгарија Ласло Лукс.