
– Се работи на сите сегменти за развој на приватниот сектор во Македонија. Пред се, клучни мерки во тие напори се пристапот до финансии што се работи преку Македонската банка за поддршка на развој, има низа програми за развој на менаџерските вештини на македонските компании, работиме на низа активности и обуки за подобрување на бизнис процесите во самите компании, преку агенцијата за вработување се спроведуваат активните мерки за пазарот на трудот со цел да се подобрат квалификациите на работната сила. Преку агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз правиме директни средби со странските компании за да се подобри поврзувањето на домашните со странските компании, имаме фонд за иновации. Се се тоа мерки кои никој досега не ги спровел во Македонија – изјави Миноски.