
Инцидентот се случил ноќеска околу 1 часот по локално време (околу полноќ по средноевропско време).
Дваесетина лица запалиле пиротехнички средства во близина на зградата на Амбасадата, а потоа побегнале од местото на настанот.
Зградата на Амбасадата не претрпела видливи оштетувања.
Украинската полиција започна истрага, но досега никој не е приведен, наведуваат украинските медиуми.