
Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа патот Охрид – Струга при којашто се судриле повеќе возила.
Според првичните неофицијални информации, во несреќата во близина на црквата Св. Еразмо учествувал автомобил „југо“ којшто излетал од патот, возило „мерцедес“ и уште едно возило.
На местото на несреќата е пристигната Итна медицинска помош, а на повредените им помагаат и пожарникари. Поради сообраќајката патот е затворен во двата правци.