
На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 300 цртежи на Кирчо Арсовски.
– Сите работи настанаа како последица од гледање филмови на Дизни и Пет Саливен, од зјапање во кориците на старите палп романи, сликите на поп-артистите, старите стрипови од Забавник, како и од неизбежните идиотски претстави што ни ги лансираат медиумите, вели Арсовски.
Кирчо Арсовски пред сè е познат како фронтмен на групата Т.Б. Трачери (гитарист, вокалист и главен автор на текстовите и песните), бенд кој свири мешавина на панк, гаражен рок и рокабили.