Секогаш млади во душа, а сексот со нив е фантастичен – За кој хороскопски знак станува збор?

Тие се комуникативни, интуитивни и обожаваат промени. За нив важи правилото дека не стареат, а сексот умеат да го направат фантастично искуство.

Изгледаат одлично, имаат многу енергија и со сигурност ќе ви го расклатат креветот.

Нормално, станува збор за Близнаците.

Близнаците генерално повеќе ги привлекуваат интересните, отколку згодните луѓе.

Тие се неверојатно шармантни, умеат да флертуваат и друштвото едноставно го имаат на дланка, бидејќи се одлични раскажувачи на приказни и шеги.

Нивното расположение се менува кон лошо единствено доколку ги оставите сами или доколку прават нешто досадно.

На Близнаците им е потребна константна стимулација и ангажираност во различни активности, бидејќи така се чувствуваат најдобро и блескаат.

Жената родена во знакот на Близнаци е паметна, малку зајадлива и саркастична. Секогаш сака да го има последниот збор во дискусијата.

Близнаците сакаат авантури. Доколку сакате да ги задржите покрај себе, немојте да сте предвидливи и досадни, бидејќи веднаш ќе ве откачат.

Тие доживуваат удари и веднаш се креваат од земја, како вистински Феникс од пепелта.

Имаат меко срце и брзо простуваат, но немојте да се залажувате дека Близнаците се глупави.

Тие едноставно имаат одговор за сè во животот.