
Како и во неколку наврати досега, така и денес Катица Јанева демонстрираше класично непочитување на Собранието како институција, на пратениците, како и на основната причина зошто е таа дојдена денес во Собранието на Република Македонија.
Дополнително, во досегашниот тек на Комисијата, Катица Јанева покажа тотална незаинтересираност за прашањата и забелешките кои што беа упатени до неа од страна на пратениците, но и покажа дрскост и си дозволи, без даден збор од страна на претседателот на Комисијата, да упадне во репликата на Илија Димовски, дофрлувајќи му дека поставувал многу прашања.