
Црвената коса ѝ беше заштитен знак на пејачката со раскошен вокал, а по 30 години се одлучи за голема промена.
Имено, Маја Оџаклиевска одлучи црвената боја на коса да ја смени со платинесто-руса, која исто така одлично и’ прилега. Нејзиното семејство и пријателите се воодушевени од промената.
– Земајќи предвид дека 30 години бев црвенокоса, на ред е 30 години да бидам русокоса! Се надевам дека ќе издржам. Реакциите се позитивни – соопшти Маја во една емисија.