
Косовскиот претседател Хашим Тачи би можел да биде еден од членовите на поранешната Ослободителна војска на Косово, обвинет пред Специјалниот суд за злосторствата на ОВК на Косово, кој треба да почне со работа во Хаг.
Ова го пренесува весникот „Коха диторе“, кој наведува дека во своето јавно појавување по поставувањето на функцијата, главниот обвинител на тој Суд, Дејвид Швендиман не кажал, кои се можните обвинети.
Холандскиот весник пишува и дека Тачи и неговите соработници веќе долго време се соочени со обвиненија за трговија со органи и други злосторства.