
Според МВР, непознат сторител со употреба на физичка сила влегол преку прозорот од приземјето на куќата и извршил тешка кражба, при што одзел 5.500 евра во разни апоени, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 350.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.