
Бројот на туристите во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, е зголемен за 8.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 1.2%.
Бројот на домашните туристи во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, е зголемен за 5.9%, а бројот на странските туристи е зголемен за 10.7%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, е намален за 0.4%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 5.5%.
Во периодот јануари-јули 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8.6%, а кај странските има зголемување за 8.5%. Во периодот јануари-јули 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.2%, а кај странските има зголемување за 5.4%.