
Демократскиот сојуз смета дека ниското и вулгарно ниво на расправа во Комисијата за политички систем, за работата на СЈО, го проби дното и докрај го девалвира Парламентот како највисок законодавен дом на демократијата.
Наместо заложба за законито, стручно и транспарентно работење , како и поддршка за елиминирање на опструкциите, пратениците од Власта (веројатно меѓу нив и оние против кои се води постапка) оркестрирано се впуштија во дискредитација на СЈО, институција која ужива над 70% поддршка од граѓаните.
Сосема е јасно дека смислено се попречува правдата и Парламентот ги парализира и поттикнува другите институции да не соработуваат со СЈО.
Демократскиот сојуз предлага СЈО од Парламентарната говорница јавно да соопшти кој и на кој начин ја попречува правдата и кои пратеници биле вклучени во кршење на изборните правила или инволвирани во друг вид на криминал.
Воедно ДС бара седниците да бидат отворени и да се пренесуваат преку Собранискиот канал, а и другите медиуми да можат да ги следат и непречено да ги пренесуваат во живо.